Поставиле камера на најдлабокото место на Земјата и еве што снимиле

21 декември, 20140
Поставиле камера на најдлабокото место на Земјата и еве што снимиле
Една од најголемите мистерии за модерното човештво е онаа за тоа што се крие длабоко во Земјината кора. Токму затоа, научниците одлучија да ѕирнат уште подлабоко во длабочините и при своето истражување, открија нешто досега непознато.

Имено, риба со бизарен изглед, досега непозната за науката, била снимена на длабочина од 8.145 метри под површината на океанот, со што претходниот рекорд бил надминат за речиси 500 метри.

Всушност, уште неколку нови видови на риби биле снимени со камера во рамките на истражувањето на Маријанскиот ров, кој достигнува длабочина од речиси 11 километри во Тихиот Океан.


Станува збор за најдлабокиот дел во светските океани и воедно, најдлабокото место на Земјината кора. Се проценува дека неговата најголема длабочина од околу 11 километри се наоѓа во северниот дел на Тихи Океан, покрај југо-источниот дел од Маријанските острови.

Меѓународната експедиција траела 30 дена, а истата била организирана од страна на Институтот за истражување на океаните ”Schmidt”. Со помош на бродот “Falkor”научниците успеале да изведат едно од најобемните истражувања досега на најголемите длабочини.

Научниците ги испратиле истражувачките сонди без екипаж повеќе од 90 пати на длабочина од 5.000 до 10.600 метри. Истовремено, тие ги проучувале стрмните ѕидови од подводниот кањон.

 


“Многу студии опфаќаа спуштање директно на дното од ровот, но тоа од еколошко гледиште, е сосема ограничен пристап. Тоа е како да се обидете да го сфатите екосистемот на една планина преку набљудувањето само на нејзиниот врв”, изјавил професорот Џеф Дрејзен.

Подводното возило ”Falkor Hadal Lender” снимило повеќе од 100 часа материјал од длабочините на океанот.


Се досега, животното кое што било пронајдено на најголема длабочина била розовата и желатинеста риба ”pseudoliparis amblistomopsis” , која што била снимена во Јапонскиот ров, исто така во Тихиот Океан, на длабочина од 7.700 метри.

Научниците се уште не се сигурни околу семејството во кое што припаѓа рибата која поставила нов рекорд.

“Неверојатно е чувствителна, а кога плива, изгледа како зад неа да плови парче влажно марамче. Има чудна уста, како кучињата од цртаните филмови”, изјавил Алан Џејмисон од океанската лабораторија на Универзитетот во Абердин.

 


Професорот додал и дека без ловењето на оваа риба и нејзиното изнесување на површината на водата, научниците нема да бидат во можност да докажат дека станува збор за нов вид, но јасно е дека таа не личи на ниту еден друг вид на риба од оние досега познатите.

https://www.youtube.com/watch?v=jCv5SlSV_00

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *