Eдно многу сложено и комплексно правило мора да се сфати, ако не сте вљубени, вие сте осамени. Ако сте вљубени, навистина вљубени вие станувате сами. Oсаменоста е тага; самотијата не е тага, осаменоста е чувство на нецелосност. Потребен вие некој, а тој што ви е потребен е недостапен. Осаменоста е темнина, без светлина во неа. Темна куќа која само чека и само чека некој да дојде и да и пушти светлина. Самотијата не е осаменост. Самотијата значи чувство дека сте целосни, никој не е потребен самите сте си доволни и ова се случува и во љубовта, вљубените стануваат сами. Преку љубовта ја допирате вашата внатрешна целосност. Вљубените се споделуваат еден со друг, но тоа не e нивна потреба, тоа e нивната преполна енергија.
Две личности кои се чувствувале осамени можат да склучат договор, да се согласат. Но тие не се заљубени. Но сега заради присуството на другиот тие не ја чувствуваат осаменоста. Тие на некој начин се лажат себеси. Нивната љубов е само лага да се лажат себеси „не сум сам, има некој друг покрај мене“. Кога две личности се сами нивната осаменост се дуплира. Кога сте сами се чувствувате осамено, кога сте во врска се чувствувате мизерно.
Осаменоста е состојба кога не сте добри сами со себеси, кога вие здодевно сами со себеси, кога сте изморени сами од себеси, и сакате да одите некаде сакате да заборавите на себеси со тоа што ќе бидете со некој друг.
Самотијата е кога сте возбудени само со тоа што постоите, среќни сте само со тоа што сте онакви какви што се, не треба да одите никаде, доволни сте сами на себеси, но сега се појавува нешто ново. Имате толку многу што не можете да го задржите. Морате да делите, морате да дадете. И кој и да го прифати вашиот подарок ќе се чувствувате благодарни што таа личност прифатила.
Не можете да се борите директно со темнината на осаменоста, многу луѓе прават голема грешка бидејќи се борат директно со неа. Темнината не постои исто како осаменоста, една мала свеќа е доволна да ја истера, вие не ја знаете вашата самотија не сте ја доживеале како и нејзината убавина, моќ и сила.
Осаменоста е бидејќи не ја знаете вашата самотија. Постои страв, се чувствувате осамени бидејќи сакате да се држите до нешто, до некого, до некоја врска, само да се држите до илузијата дека не сте осамени. Но знаете дека сте. Оттука е болката. Знаете дека пријателството и врската не е вечна и одовде е стравот.
Затоа нема да ви кажам нешто да направите со вашата осаменост. Барајте ја вашата самотија. Заборавете на осаменоста, темнината, болката. Овие се само недостатоци на самотијата и нејзиното доживување веднаш ќе ги истера. А методот е ист само набљудувајте ги вашите мисли, бидете свесни. И секогаш гледајте кога се соочувате со проблем, дали е позитивно или негативно нешто. Ако е нешто негативно тогаш не се борете со него, воопшто не му обрнувајте внимание. само барајте ја неговата позитивна страна, и ќе се најдете на вистинската врата, повеќето луѓе грешат борејќи се директно со негативната врата. Таму нема врата само темнина, недостаток. И колку повеќе се борат наидуваат на се поголем неуспех, стануваат песимисти, животот губи значење, дека е само измачување. Грешката е што влегле од погрешната врата.
Затоа пред да се соочите со некој проблем, само погледнете го – дали е тој недостаток на нешто ? А вистината е дека сите ваши проблеми се недостаток на нешто. Штом откриете на што се недостаток, насочете се кон позитивното. Штом го најдете позитивното, сте ја пронашле светлината и на темнината и дошол крајот.