Покрај бројните вести кои ни пристигнуваат од Србија, Босна и Хрватска каде жителите се погодени од тешка природна катастрофа невидена во последните 100 години, ни пристигнуваат и потресни фотографии од страдањето на животните.
Упатени се многу апели до луѓето колку што можат да им помогнат и на животните, да обезбедат храна и за нив…да им најдат привремен престој.
Да животните страдаат исто како нас, и на нив им е потребен некој за да издржат во овие тешки денови. Сликата која се појави на интернет набрзо стана симбол на заедништво но и апел до сите – да не ги оставаме и нив сами…
Денес на сите ни треба некој! Оваа слика зборува повеќе од 1000 зборови…