
Пожарникарот Јакоб Грегоар, дошол на местото на несреќата, која се случила во местото наречено Чула Виста во Калифорнија.
Тој го паркирал своето возило, како што бил обучуван додека бил на обука, веднаш зад колата на Брзата помош, за да ги заштити жртвите од возилата кои поминувале по тој пат.
Тој излегол од возилото и тргнал да го пребарува местото на несреќата, во случај да има уште некоја жртва. Во тој момент, му пришол полицаецот кој му рекол дека не смее да паркира тука.
Грегоар, кој работи како пожарникар веќе 12 години, рече дека полицаецот тоа треба да го провери со неговиот капетан. По кратката расправија, полицаецот му ставил лисици на пожарникарот, и го привел.
Грегоар, по половина час бил пуштен на слобода.
httpv://www.youtube.com/watch?v=D0dbpXSywDg