Вознијак: Apple треба да направи андроид телефон!

popara7 февруари, 20141min00
stiv-vozniak-apple-treba-da-napravi-android-telefon-170584

„Нема причина што би го држела Apple на страна од Android, како секундарен пазар за мобилни телефони. Луѓето го сакаат стилскиот изглед на нашите производи, повеќе од другите понуди на Android. Може да играме добро на двете полиња истовремено”, вели Вознијак, кој иако има акции во Apple нема секојдневни обврски во компанијата.

Apple –Android уред делува многу малку веројатен, но не е технички невозможен. Како отворен, односно слободен софтвер, Android може да се адаптира и развие за било кој производител на телефон.

„Добрите производи доаѓаат од развивање на истите во тајност – работени од тим составен од вистинските луѓе за тоа. Нова категорија на продукти не се случува често. Може да се случи еднаш во една декада. Понекогаш мора да почекате тоа да се случи”, додава тој.

„Ако имаш нешто навистина добро, не го менувај, не го расипувај”, вели Вознијак во интервјуто.

Стив Вознијак исто така разговараше на тема иднината на оперативниот систем, поточно оној во филмот „Her”, кој ја раскажува приказната за еден оперативен систем, кој мисли сам.

„Еден компјутер може да изврши повеќе наредби, но не може да решава проблеми ако не му се даде насока, а човекот е оној кој ја креира и дава таа насока”, вели Вознијак за вештачката интелигенција.

И покрај овој навидум скептичен став, кога еден од присутните на светската конференција за апликации во Сан Франциско прашал на што би работел кога во денешно време бил млад програмер, без размислување одговорил:

„Вештачка интелигенција”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *