Прегратката го ублажува стресот: 10 причини веднаш некого да прегрнете!

popara28 јуни, 20141min00
11

Гушнете ги луѓето што ги сакате бидејќи така веднаш ќе ја подобрите вашата состојба
Дали некогаш сте биле во ситуација кога не сакате да заплачете, бидејќи сакате да останете јаки и да делувате ладни, но кога некоја ваша драга личност ве прегрне, солзите едноставно не можат да сопрат? Знаете ли зошто тоа се случува?
Дали плачеме од тага или среќа, топлата блискост на нежни човечки раце секогаш се сметаат за голема поддршка. Не само што го подобруваат нашето ментално здравје, туку и истражувањата покажуваат дека прегратката одлично делува на целиот организам.
Прочитајте ги десетте факти и не заборавајте дека откако ќе ги прочитате веднаш некого треба да прегрнете:
1. Прегратката го зголемува чувството на сигурност, доверба, сила, среќа и разбирање.
2. Истражувањата покажале дека развојот на интелигенцијата заостанува кај децата кои не ја применуваат доволно. Тие почнуваат подоцна да читаат или одат, во однос на своите врсници.
3. Според една американска студија, доколку брачните другари повеќе се гушкаат или галат нивната поврзаност трае подолго отколку кај тие кои не ги применуваат овие ритуали.
4. Доколку само за момент го прегрнете вашиот партнер, стресот веднаш ќе исчезне.
5. Психолозите откриле дека при прегрнување и кај жените и мажите се ослободува окситоцин, попознат како хормон на љубовта и среќата.
6. Една психолошка калкулација покажува дека на луѓето во просек им се потребни 13 прегратки на ден, но дека поголемиот број од нив и не ги добиваат.
7. Просечно луѓето трошат еден час месечно за оваа активност.
8. Како се зголемува окситоцинот при прегнување и го регулира кортизолот, така значи дека ќе имаме поздраво срце и понизок крвен притисок (одлична вест за оние кои страдаат од хипертензија).
9. Прегрнувањето го намалува чувството на осаменост, ни помага да го победиме стравот, ја зголемува самодовербата, ја намалува напнатоста.
10. Некои се кратки, а некои подолги…во просек една прегратка трае до 9,5 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *