Приказната за доброто и злото

28 јуни, 20140
7

Легендата вели дека кога ја замислувал сликата “Тајната вечера“, Леонардо да Винчи се судрил со една голема потешкотија: Требало да го изрази Доброто во лицето на Христос, и Злото во лицето на Јуда, неговиот пријател, кој токму на оваа последна заедничка вечера решава да го предаде. Почнал да бара модели…
Не после долго, додека слушал некаков црковен хор, открил во едно од момчињата совршен образ за ликот на Христос. Го поканил во ателјето и направил скица за Христовиот лик.
Поминале три години. Тајната вечера речиси била готова, но Леонардо сеуште не нашол соодветен модел за ликот на Јуда.
Откако со денови барал, уметникот здогледал во една кафеана предвремено остарен млад маж, неугледен и пијан. Макар и тешко успеал да го однесе во црквата, бидејќи немал време за скици.
Кога завршил со сликање, просјакот веќе отрезнат ги отворил очите и кога го здогледал платното пред себе си, изненадено рекол:
Веќе сум ја видел оваа слика!
Кога? – запрашал изненадено Леонардо.
Пред три години, кога сеуште немав изгубено се. Тогаш пеев во еден хор, животот ми беше исполнет со соништа и уметникот ме покани да позирам како модел за лицето на Исус.
Доброто и Злото имаат едно исто лице: Се зависи од тоа во кој момент преминуваат низ животот на секое човечко суштество.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi