Приказните зад логоата на најпознатите автомобили

popara15 октомври, 20142min00
7

Како што претпоставувате, логоата на најголемите автомобилски гиганти не се случајни. Секое има своја приказна.

 

ЛАМБОРЏИНИ

01%2BLamborghini%2BLogo[1]
Во раните 60-ти, Феручио Ламборџини поминувал доста време со неговиот пријател Дон Едуардо Миура, кој одгледувал наградувани шпански бикови за борба. Овие животни оставиле многу силен впечаток врз Ламборџини, и директно го инспирирале да го употреби разбеснетиот бик како симбол за својот бренд.

 

ФЕРАРИ

02%2BFarari%2BLogo[1]
Елегантниот коњ што се перчи на задните две нозе на логото на Ферари веднаш асоцира на моќните црвени автомобили. Но, овој симбол за прв пат се појавил на резервоарот на еден храбар италијански воен пилот, за време на Првата светска војна. Мајката на херојот го замолила Енцо Ферари да го стави знакот на сите свои автомобили, тврдејќи дека тоа ќе му донесе добра среќа. 100 години подоцна, Ферари е меѓу најелитните брендови на автомобили, сеуште носејќи го гордиот коњ на шасијата.

 

ШЕВРОЛЕТ

03%2BBowtie%2BLogo[1]
Амблемот на Шевролет (наречено bowtie), еден од трите најголеми американски автомобилски производители,  всушност ги влече корените од Европа. Амблемот бил искористен во 1914-тата година, како дезен за тапетите во еден француски хотел во кој престојувал основачот на GM – Вилијам Дурант.

 

БМВ

04%2BBMW%2BLogo[1]
Долго време се веруваше дека логото на БМВ претставува ротација на пропелер, но се покажа дека тоа е само мит. Вистината е дека БМВ произлегла од реструктурирањето на Rapp Motorenworke, па компанијата сакала да задржи дел од динамиката и дизајнот на логото на матичната компанија. Од друга страна, сината и белата боја се доминантни на баварското знаме. Оттаму и логото на БМВ.

 

СУБАРУ

05%2BSubaru%2BLogo[1]
И самото име доаѓа од јапонскиот збор за ѕвездената група – Плејади. Покрај тоа, 6-те ѕвезди на логото ги претставуваат компаниите кои ги здружија силите во една, поголема – Fuji Heavy Industries, од која е дел и Субару.

 

МЕРЦЕДЕС-БЕНЗ

06%2BMercedes%2BLogo[1]
Трикраката ѕвезда датира од 1870-тата. Готлиб Дајмлер и ја пратил во разгледница на својата сопруга, и изразил желба симболот да се најде на сите нивни фабрики. Трите краци симболизираат триумф, победа над „копното, морето и воздухот“.

 

ВОЛВО

07%2BVolvo%2BLogo[1]
Амблемот на Волво е всушност многу слична интерпретација на симболот за Марс, кој е и римски бог на војната. Па, како ова е поврзано со Волво, или автомобилите воопшто? Па, амблемот започнал да се сфаќа како симбол за поврзаноста на богот на војната и металот (од кој биле направени сите оружја од тоа време). Знакот за Марс е и знак за мажевственост, а основачите на Волво уште од самиот почеток сакале нивните автомобили да носат симбол за сила. Се чини дека направиле добар избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma