Провери дали ти го крадат Wi-Fi интернетот

8 ноември, 20140
9

Ако интернет врската ти станала премногу бавна, време е да провериш дали некој од страна го користи твојот нет.

Бидејќи денес поголем дел од нас користат безжичен пренос на сигналот, се повеќе има и такви кои се обидуваат да „упаднат“ и на безбедни и на слободни Wi-Fi мрежи, и користат интернет бесплатно. Доколку твојата мрежа е обезбедена со таен клуч кој само ти би требало да го знаеш, извршени се проверки со интернет провајдерот и се е во ред од нивна страна, а интернет врската и понатаму е спора или забележуваш некои други чудни работи на интернет, време е да го тестираш бројот на корисниците кои ја користат твојата мрежа.

Wi-Fi мрежата лесно може да се искористи за кражба на кориснички податоци, лажно претставување на нет и за некои други цели кои можат да ти зададат главоболка, па затоа наша препорака е да си извршиш тестирање.

Кој е на мојата Wi-FI врска ((Who is on my WiFi) е едноставна програма за детекција на корисници прикачени на некоја безжична конекција. Преземи ја (верзија 3.0.2, 2.3 мегабајти), инсталирај и покрени. Прво пројди низ упатството за подесување и научи како се користи програмата.

Кликни на копчето „Scan“. Погледни ги прикачените уреди и нивните Mac и IP адреси, но и имињата, ако уредите се правилно конфигурирани. Доколку се твоите уреди на листата, од статусот „ UNKNOWN“ префрли се во статусот „ KNOWN“. Сними ги подесувањата и повторно скенирај го системот. Ако не се појават нов уред, твојата врска е безбедна. Доколку се појават нови уреди, а не се твои, време е да ја смениш лозинката на интернет врската, што можеш да го направиш и во подесувањата на модемот, телефонот, таблетот или некој друг уред од кој пушташ Wi-Fi сигнал.

Who is on my WiFi е бесплатна за користење, но нема техничка поддршка и онлајн пристап во „FREE“ верзија. Програмата може да се користи по потреба, кога сакаш набрзина да ја скенираш интернет Wi-Fi врската или нон-стоп, во позадина, кога системот автоматски и во реално време ќе те извести за новите прикачени „UNKNOWN“ уреди.

http://www.youtube.com/watch?v=3tFPrJI9-Ts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş