
Путин планира да ги прошири границите на својата држава и да присоедини делови од териториите на Грузија, Украина, Белорусија, Балтичките земји и Финска.
Владимир Путин нема да застане со проширувањето на Русија, тврди поранешниот советник на рускиот претседател Андреј Илијаринов.
На Шведските новинари тој им изјави дека Путин има за цел кон Русија да ги припои и Белорусија, Финска и дел од Балтичките земји.
Идеата на рускиот претседател, како што вели Илјаринов, е да ја прошири Русија по примерот на СССР и Руското царство.