Ролеркостер на кој ќе се чувствувате како вистински Бетмен

29 октомври, 20140
Ролеркостер на кој ќе се чувствувате како вистински Бетмен
Базиран на легендарниот филм за суперјунакот кој сите деца во светот буквално го обожуваат, овој ролеркостер со сигурност ќе биде еден од највозбудливите на светот, на сите времиња!

Ролеркостерот кој е направен по угледот на детскиот јунак Бетмен, на јавноста ќе и’ биде претставен во 2015-та година во забавниот парк Six Flags Fiesta во Тексас, Сан Антонио.

Тој е oсмислен така што на своите посетители им нуди можност барем на неколку минути да замислат како е да се биде “во кожата” на омилениот суперхерој и да летат на начин на кој тој го прави тоа.

Во авантурата може да учествуваат само осум луѓе истовремено, а тие ќе седат во пар, по двајца. За време на целата авантура нивните седишта ротираат за во еден момент да се свртат за цели 90 степени со цел, како што вели авторот на овој уникатен ролеркостер, патниците да се погледнат во очи и да се соочат со своите стравови.

Возењето на овој Бетменов ролеркостер претставува потполно нов концепт во овој вид на инженеринг а патниците за целото време ќе слушаат и звучни ефекти кои ќе направат целата авантура да биде уште повеќе живописна.

Исто така, посетителите ќе имаат можност да бидат и специјални сигнални ефекти и ќе имаат можност да почувствуваат како е да се биде во безтежинска состојба бидејќи седиштата ќе се наоѓаат во воздух.

Бетменовиот ролеркостер ќе биде највозбудлив ролеркостер на сите времиња и ќе претставува вистинска револуција, како во САД, така и ширум целиот свет.

Погледнете:

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi