Руски истражувачи снимија мистериозна ледена пештера

popara17 ноември, 20141min00
Руски истражувачи снимија мистериозна ледена пештера

На сибирскиот полуостров Јамал се формирал леден кратер кој ги натера научниците да размислуваат. Владимир Пушкарев и неговиот тим одлучиле да ја истражат причината за настанокот на овој природен феномен, пишува „Сајбирија тајмс“.

Името Јамал значи „крај на светот“, што дополнително ја симболизира појавата на овој мистериозен кратер.

Научниците сметаат дека експлозија на гас во внатрешноста на земјината површина се виновни за создавањето на овој кратер, нешто слично на оној во Атлантскиот океан од кој настанал феноменот познат под името „Бермудски триаголник“.

Пушкарев, лидерот на оваа научна мисија, за „Сајбирија тајмс“ изјавил дека со помош на алпинистичка опрема успеале да се спуштат до самото срце на кратерот.

На самото дно се наоѓа смрзнато езеро, чија длабочина е неполни 11 метри, тврдат истражувачите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma