
По двегодишна врска откако Александра Середа решила да го остави Павел Ушанов (33), директорот на руската телекомуникациска компанија „Devino Telecom”, тој почнал крвнички да ја тепа со боксови. Сега се наоѓа во бегство откако до непрепознатливост ја претепал неговата 27 годишна девојка, манекенката Алесандра Середа.
Откако му го соопштила тоа, бесниот Ушанов дошол до нејзниот стан, и започнал да ја удира со боксови уште во моментот кога таа ја отворила вратата. Таа тврди дека константно ја удирал цели десет минути и дека иако му повторувала дека ќе ја убие, тој и велел: Добро е, зошто тоа и го сакам.
