
Прородата е немилосрдна, додека сиромаштијата и немоќта си ги земаат своите жртви. Баш поради овие работи – по поплавите во Виетнам, родителите во едно село погодено своите деца преку реката ги пренесуваат во пластични кеси, за да не ја намократ училишната униформа.
Видеото го снимил професорот Тонг Ти Мин од селото Сем Ленг, во близина на Ханој, главниот град на Виетнам. Со негова помош децата ја преминувале реката.
На снимката јасно се гледа како човекот го става детето во кеса, ја затвора, и го пренесува преку реката. Кога ја преминуваат реката, професорот ја отвора кесата, а детето излегува суво и подготвено за на училиште. Работата на професорот не завршува тука, бидејќи тој се враќа по останатите деца.
Мин изјавил дека овие ситуации се вообичаени кога има големи поплави.
“Не постои друг начин децата да дојдат до училиште, ниеден мост не ги издржува поплавите”, вели тој.
Во редот за преминување чекале неколку деца, бидејќи многу родители гледаат на овој начин на патување до училиштето како најефикасен.
httpv://www.youtube.com/watch?v=alUEe8nGVoE