Иако Mercedes S 63 AMG Coupe има непосредна конкуренција во класата на гранд туринг автомобилите, одлучивме да го споредиме со Porsche Panamera Turbo S…
Panamera Turbo S на прв поглед личи на купе автомобил, но има 5 врати. Сепак Porsche-то е помало и полесно за разлика од S 63 AMG. Исто така пристигнува со погон на сите 4 тркала, а тестираната верзија на AMG автомобилот беше претставен со задна погонска оска.
Најголема сличност на двата автомобили се нивните V8 агрегати и нивните цени. Погледнете ја необичната споредба во видеото што следува.