Информацијата дека новиот iPhone 6 Plus се искривува со само мал притисок, јужнокорејскиот гигант Samsung ја искористи со цел веднаш да тргне во офанзива против Apple.
Се испостави дека новиот iPhone 6 Plus има проблем со деформирање на куќиштето, а Samsung во својата нова реклама уште повеќе и “додаде болка” на раната на компанијата Apple.
Всушност, она што е прикажано на фотографијата горе, пред уредот за кој се претпоставува дека е Samsung Galaxy Note 3 “клечи” свиткан iPhone 6 Plus, a над него стои коментарот “Свиткај се пред оние кои се достојни”.
Но, освен од страна на Samsung, бројни шеги во врска со овој проблем на Apple ја преплавија и мрежата на Twitter. Ова се само дел од твитовите:
We don’t bend, we #break.
Our phone doesn’t bend, it flexes…on purpose. #bendgate