Еден австралиски лекар извадил од увото на пациентот бубашваба која пациентот сакал да ја извади со правосмукалка.
Голготата на Хендрик Хелмер почнала во средата наутро кога се разбудил со силна болка во десното уво. Кога почнало уште повеќе да го боли и кога осетил дека нешто мрда внатре ја земал правосмукалката и се обидувал да го извлече инсектот, но не успеал.
Бил префрлен во болница каде лекарите со помош на специјани масла и инструменти извадиле од неговото уво бубашваба долга 2 сантиметри.