Се појави социјална мрежа само за богати

18 септември, 20140
12

Веруваме дека веста ќе им се допадне на сите домашни тајкуни, на оние кои се сметаат дека се припадници на џет-сетот и нивните деца на кои им е здосадено да возат скапи автомобили без своите искуства да ги споделат со некој од својата класа.

За оние кои сметаат дека се нешто посебно, а на Facebook им е досадно, тука е Netropolitan, друштвена мрежа до која може да пристапи секој, но откако ќе плати 9.000 долари. Поточно, 6.000 долари еднократно, плус годишна членарина од 3.000 долари.

Мрежата ја опишуваат како онлајн клуб за луѓето кои имаат повеќе пари отколку време, а достапна е за секој над 21 година кој може да си дозволи расфрлање со пари. Овде нема класично „пријателство”, бидејќи кога ќе се приклучите на мрежата, ќе може да ги гледате сите постови, но ќе може да формирате и групи на луѓе кои делат заеднички интереси од типот „љубители на јахти поголеми од 50 метри”.

Мрежата ја основал Џејмс Тучи-Питерс, поранешен диригент на филхармонијата во Минесота, кој вели дека „забележал потреба за опкружување во кое луѓето ќе можат да расправаат за фини работи во животот без да бидат осудувани од други луѓе”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *