
Кога се преселил во нова куќа корисникот на социјалната мрежа Редит нашол порака во кујната, залепена на шпоретот, на која пишувало: Кој и да го најде ова писмо, го молам нека го отвори. Благодарам!
Во писмото пишувало:
Драг читателу, мојата мајка и татко живееа во оваа куќа 15 години и јас живеев овде 9 години. Тоа е целиот мој живот, и тогаш моите родители одлучија да се разведат. Мојата мајка ме однесе мене, брат ми и сестричката во помала куќа. Мојот татко се преселува во друга куќа. Јас многу ја сакам оваа куќа, и те молам води сметка за неа, а особено за собата со зелен тепих. Тука пораснав и ја сакам.
Новиот газда решил да го задржи зелениот тепих во случај ако момчето некогаш дојде во куќата, бидејќи и самиот тој бил дете на разведени родители, па затоа толку емотивно го доживеал писмото.
