
Сите знаеме дека бананата е одлична за нашето здравје, а и многу вкусно овошје. Но она што повеќето не го знаат е дека може да биде корисна и за заштита од комарци. Со внатрешната страна на кората од банана намачкајте ги рацете и нозете. Тоа ќе ве заштити од комарци.
Мирисот на лаванда е убав, но комарците не го поднесуваат. Во маслиново, бадемово или беби масло додадете неколку капки есенцијално масло од лаванда и тоа намачкајте го на вашата кожа. Освен што маслото ќе ја омекне кожата, ќе ве заштити и од комарци.
Лимонот и лиметата се совршени за лето. Преполни се со витамини и можат да се искористат за одлично летно освежување, но тие исто така се одлични во борбата со комарците. Исечете кришка лимон или лимета и со тоа намачкајте го местото на убодот, веднаш ќе почувствувате олеснување.