
Иако Бред и Анџелина веќе имаат шест деца и многу густи работни обврски, тие се одлучни во намерата да го прошират нивното семејство. Славната двојка во око им падна девојче.
„Анџелина и Бред најголемиот дел од празниците го поминаа зборувајќи за проширување на семејството” кажа изворот. „Зборуваа и со нивните деца и сите се возбудени”.
Бред и Анџелина сакале да усвојат девојче од Јордан ама поради проблемите со целата процедура се одлучија за Етиопија, откаде е нивната најстара ќерка Захара.
„Отсекогаш сакаа таа да има брат или сестра која ќе ги дели нејзините корени. Би било идеално тоа да е девојче на возраст од 2-3 години” рече нивниот пријател и додаде дека посвојувањето ќе се случи во месец Април.