Педесет годишната холивудска ѕвезда Џони Деп се вери. Тоа се шепоти во светските медиуми.
Амбер Херд убавата дваесет и седум годишна глумица ги стресе холивудските медиуми откако во еден ресторан во Лос Анџелес се појави со прстен на рака. Цело време се криела од папараците и ја криела својата лева рака за случајно да не го открие очигледното дека Џони Деп ја побарал за жена. Сепак во еден момент прстенот искочи и шепотите на медиумите не се повеќе празни приказни. Тие се во врска од 2012 и во годината што е пред нас веројатно ќе стапат во брак.