Седум години во врска со жена што не постои?!

popara1 април, 20141min00
Седум години во врска со жена што не постои?!

Зек веднаш се вљубил во мистериозната девојка по име Мелиса Ричардсон, а нивната интернет врска траела неверојатни седум години. Љубовта започнала на страницата „Hot or not“ и од тогаш се развила во една од најдолгите измами за кои јавно се знае. Доказ дека младиот Канаѓанец не се посомневал во постоењето на „совршената жена со совршен глас“, е тоа што го истетовирал нејзиниот лик на рака, по што девојката му пратила фотографија на која се гледа лик сличен на тетоважата.

Двојката разговарала по шест часа дневно, истовремено гледале филмови и биле неразделни. Мелиса му кажала дека е модел од Калифорнија, а секој пат кога би почнале да се договараат околу состанокот, таа наоѓала изговор – смрт во семејството, рак, скршени нозе…

Но, сè застанало во моментот кога Зек на Јутјуб пронашол видео „Девојки од соништата“ и сфатил дека гласот не е ни приближно сличен и дека се работи за 44-годишна жена која се вика Сабрина, а која се претставувала како Мелиса Рчардсон.

Да биде работата уште полоша, во прашање била жена која е мажена и има две деца, а во својата сплетка ја вклучила и вистинската Мелиса Ричардосн, модел од Лас Вегас, која ја убедила на грбот да стави тетоважа, за да ја поддржи нејзината лажна акција.

Откако приказната се прошири по медиумите, многу луѓе ширум светот се јавиле, признавајќи дека исто така биле жртва на измамничката, а еден од мажите наводно се допишувал со Мелиса осум години.

httpv://www.youtube.com/watch?v=rhnuo1f8WXU

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag