
1. Ако одненадеж спомене некоја бивша девојка и ви раскаже за некој нејзин „симпатичен“ гаф кој го направила со неговите родители, тогаш нека ви биде јасно дека ја тестира вашата љубомора, а во во исто време ви дава до знаење дека семејството е важна работа.
2. Ве испитува колку сте љубезни или трпеливи, што е најлесно да се провери во ресторан. Ако тој ја плати сметката не заборавајте да се заблагодарите. Исто така, секогаш бидете љубезни со келнерот.
3. Ве прашува за вашата работа, односно, дали и како се сложувате со колегите и дали имате проблеми во комуникацијата со нив. На тој начин сака да ве провери дали сте конфликтна личност која има проблем со авторитети.
4. Ви предложува нешто невообичаено или несекојдневно, како да пример планинарење, банџи џампинг и друго, за да ве провери колку сте отворени за нови авантури и искуства.