Секој хороскопски знак на различен начин се справува со стресот

13 септември, 20140
7

Можете ли на своето тело да му наредите вистински да се опушти? Во денешно време, кога сите се под постојан стрес, целосното опуштање и уживање е речиси невозможно. Стресот е проблем со кој се соочуваат сите, но секој хороскопски знак на различен начин се справува со истиот.

horoskopot-otkriva-dali-mozete-da-se-prepustite-na-uzivanjeto-01

Овен

Лесно губите контрола во стресни ситуации. Со оглед на тоа што е невозможно да избегнете повремени експлозии, обидете се да научите како да се воздржите. Кога сте во ситуација да избувнете, најдобро е да изброите до 10. Алтернативно решение е да излезете да прошетате или да направите неколку вежби со кои ќе ја потрошите негативната енергија. Напнатоста најчесто се чувствува во вилицата или челото. Со помош на техника  за релаксација мора да научите прво овие делови да ги опуштите. Но пред сè мора да го елиминирате непотребниот стрес во животот. На некои им е потребно повеќе време за објаснување пред да ги задоволат вашите високи стандарди.

Бик

Вие сте главно смирена личност, која во секој момент може да се смири, но знаете и да претерате. Во таквите моменти вашата експлозија може да се мери со нуклеарна бомба. До расправија најчесто доаѓа кога ќе ви се спротивстави некој што е исто тврдоглав како вас или повеќе. Со оглед на тоа што вашето однесување кога ќе се разбесните е непријатно за сите околу вас , повремено дајте си оддишка со физички вежби или разговор.  Напнатоста најчесто ви се јавува во вратот и горниот дел од грбот. Кога ќе почувствувате ваква напнатост, почнете да вдишувате и да издишувате длабоко за да се опуштите.

Близнаци

Вие имате и премногу енергија која понекогаш се претвора во напнатост. Бидејќи постојано сте во потрага по нови искуства и предизвици и многу од нив ги започнувате во исто време, кога доаѓате до состојба на стрес, склони сте да го кажете и она што не треба. Секогаш имате многу работи што може да ги изнакажете кога сте лути. Мора да сфатите дека ништо не добивате ако се нервирате за безначајни работи. Ако претчувствувате дека излегувате од сопствената кожа, застанете за момент, размислете за несаканите последици кои може да ги предизвикате. Напнатоста ја чувствувате во пределот на рамената, градите, рацете и дланките. Дишете полека и длабоко за да се смирите.

horoskopot-otkriva-dali-mozete-da-se-prepustite-na-uzivanjeto-1.jpg

Рак

Со оглед на тоа што сте премногу чувствителни лесно доаѓате во стресни ситуации. Кога сте вознемирени во состојба сте цела сила да ја претворите во бес.  Иако вообичаено сте пасивни, може многу долго да бидете лути. Само Скорпијата може да ве надмине во тоа. Чувството за непријателство и лутење е она што најмногу ви пречи. Обидете се да сфатите дека повеќето закани кои ги забележувате се безопасни. Напнатоста најмногу ја чувствувате во стомакот и градите. Стресот негативно ви влијае на респираторниот систем, па кога сте вознемирени возбудата ви расте и затоа е потребно да дишете преку дијафрагмата и да ги опуштите мускулите.

Лав

Најчеста причина поради која може да почувствувате напнатост е кога некој се обидува да ве засени. Со оглед на тоа што сте окупирани со својата гордост и достоинство, навикнати сте да го контролирате својот темперамент, особено ако знаете дека состојбата на бес би ве прикажала во негативно светло. Исто така може да ве изнервира ако некој ве спречува да уживате во нешто што сакате. Тензијата ја чувствувате во срцето, вратот или со ослабување на видот. Штом ви влијае на срцето тоа може да биде опасно за целиот организам. Смирете се со 8-12 вдишувања во минута и секојдневно правете вежби за истегнување.

Девица

Иако делувате релативно опуштено и вие знаете да бидете вознемирено особено околу некои ситници. Многу повеќе се грижите за сè она што луѓето околу вас може да го претпостават. Полесно се чувствувате ако пишувате за тоа што ве мачи. Не мора тоа никому да го покажувате ако не сакате, важно е само да излезе од вас. Стресот ви се одразува во системот за варење и нервниот систем, а со тоа и целиот организам. Кога чувствувате дека сте под стрес најдете некое мирно место за да се смирите и да се тргнете настрана од сè. Секојдневно шетајте и правете лесни вежби.

Вага

Вие сте многу чувствителни во стресни и напнати ситуации особено кога се предизвикани од некои лични односи. Ќе направите сè што е во ваша моќ за да внесете рамнотежа во секоја ситуација, но ако сте во безизлезна состојба тогаш ќе се борите како лут тигар. Животот би ви бил многу поедноставен ако не се трудите на сите да им угодите. Обидете се да го правите она што вас ќе ве усреќи. Напнатоста ја чувствувате во грбот и бубрезите. Затоа, секојдневно правете вежби за истегнување и за побавно дишење.

Скорпија

Вашите емоции се толку силни и длабоки што во секојдневниот живот пронаоѓате многу причини за стрес. Со оглед на тоа што сте таинствени и сакате секогаш да имате контрола во себе акумулирате многу поголема напнатост отколку што сте свесни. Стравот, лутината и фрустрираноста влијаат на организмот во ослободувањето на деструктивните хормони, што како краен резултат може да предизвикаат и психички пореметувања. За вас е важно да научите како да се изборите со стресот, со помош на вежби за абдоменално дишење и релаксација на мускулите.

Стрелец

Вашиот оптимизам прави поретко да се изложувате на стрес. Умеете да се изборите со грешките. Острите коментари се ваш вообичаен начин да се изборите со оние кои ви досадуваат. Она што најмногу ви пречи е нечиј обид  да ви ја ограничи слободата и независноста. Во такви ситуации може да се разбеснете. Обилна храна и силни пијалаци се вашите слаби точки на кои се препушатате во случај на стрес и влијаат на вашата телесна тежина. Потребна ви е мускулна активност и бавно дишење за да се ослободите од стресот.

 

Јарец

Вие претставувате екстремен случај на самоконтрола и ориентираност кон поставената цел. Со оглед на тоа што сте окупирани со тоа да оставите добар впечаток, знаете како темпераментот да го држите под контрола. Строги сте кон себе и во повеќето случаи напнатоста која ја чувствувате е резултат на вашите преголеми очекувања. Опуштете се со прошетка во природа. Напнатоста ја чувствувате во зглобовите, коските и колената.

Водолија

Прилично добро го контролирате својот карактер и емоции. Иако сакате промени, вашите погледи се главно стабилни. По природа сте интелектуална личност и лесно им простувате на другите. Но, понекогаш може да ви пречи нечие однесување или провокација која ве доведува во состојба на напнатост. Ако другата личност е подготвена за разговор се дистанцирате од проблеми. Вашиот деликатен нервен систем најмногу го чувствува стресот. Тензија чувствувате и во нозете и долниот дел на грбот. Склони сте кон грчеви во нозете . За да се смирите потребно е да ги опуштите мускулите.

Риби

Во состојба сте за некое време да насоберете толку многу напнатост во себе што може да ви ја уништи целата емотивна состојба и да ви го загрози внатрешниот мир. Чувствителни сте и никога никого намерно не би повредиле, но понекогаш конфликтите се неизбежни. Лимфниот систем во вашиот организам е вистински борец против болести, а стресот најмногу ви се одразува на имунитетот. Избегнувајте претерување во што било, а кога ќе се почувствувате под стрес потребно е да направите неколку вежби за опуштање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *