
Семејството на Мајкл и неговиот сметководител ја оштетиле државата за 505 милиони долари поради неплатени даноци, како и 197 милиони во вид на такси и казни за лажно пријавена вредност на имотот на кралот на поп музиката.
Семејството на Мајкл после неговата смрт го пријавиле на државата неговиот имот кој бил проценет на 7 милиони долари, меѓутоа 4 години подоцна се испоставило дека вистинската вредност на вкупниот имот е многу поголема.
Даночната служба после темелна истрага утврдила дека вкупната вредност на имотот на покојниот пејач изнесува 1,3 милиарди долари, што прилично ја надминува пријавената вредност.
