
Изгледа повеќе на никого не го изненадува фактот што Дорис Драговиќ “пукна“ со продажбата на карти за концертите во Белград и Нови Сад, но интересно е тоа дека најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ уште во 2000 година ја уништила кариерата на хрватската пејачка.
Еве каде лежи проблемот: После објавувањето, се открило дека насловната нумера на повратничкиот албум “Лице“ всушност е плагијат на нумерата “Другарице“, која Цеца ја отпеа со групата Луна.
А потоа се појавија и приказните дека Дорис на времето била љубовница на Аркан и дека поради неа Аркан сакал да ја остави Цеца. За Хрватите тоа било премногу!
Хрватската пеачка Дорис Драговиќ била лудо заљубена во покојниот командант Аркан! Љубовта помеѓу Дорис и Аркан цветала кон крајот на осумдесетите, пред да почне конфликтот во бивша СФРЈ.
Тоа беше страсна врска базирана на страста особено кога станува збор за Аркан. Во тоа време често ги фалел нејзините вештини во креветот, а Дорис била многу заљубена. Беа на работ до брак. Жељко уште тогаш размислувал да се разведе од неговата сопруга Наталија. Дорис и Аркан криеја дека се во врска, но сепак излегуваа заедно, најмногу по белградските клубови! тоа го потврдуваат многу луѓе.
Знаеше и пред Цеца од време на време да ја спомне Дорис шалејќи се дека била чудо во кревет. Тоа многу ја нервираше Цеца. Меѓутоа сите кои тогаш се дружеа со нив знаеа дека Дорис многу повеќе го сакала него Аркан неа.
