Северина мора на операција, ги откажала сите настапи!

popara10 февруари, 201417min00
5

Хрватската ѕвезда Северина за наредните два месеци ги откажала сите планирани настапи бидејќи мора да ја оперира ногата, односно лигаментите, а проблемите потекнуваат уште од 2010 година кога се повредила за време на еден настап.

Северина оваа повреда на ногата ја влечи веќе неколку години но поради бројните обврски не нашла време до сега да се погрижи за тоа. Меѓутоа после 4 години пејачката сепак ќе мора да оди под нож. Како што вели изворот близок на пејачката, таа веќе два пати ја повредила истата нога и сега веќе нема простор за одлагање.

Foto: Aljoša Rebolj/Studio BOMBA