
Резултатите од деталната генетска анализа покажале дека кралот на рокенролот Елвис Присли страдал од генетска болест на срцевиот мускул.
ДНК од неговата коса покажала дека пејачот страдал од хипертрофична кардиомиопатија, а симптомите како тахикардија, забрзан пулс, висок крвен притисок и замор се појавиле последните години од неговиот живот.
Сето тоа значи дека музичката икона без оглед на начинот на живот, во гените носел код за предвремена смрт. ДНК анализата покажала дека докторот што го лечел со години бил неправедно обвинуван за неговата прерана смрт. И Елвис исто така бил неправедно осудуван од јавноста дека ја предизвикал својата смрт со прекумерна употреба на лекови. Иако таа зависност допринела за влошување на неговата здравствена состојба, новите докази велат дека Елвис имал кобна “грешка“ во својата ДНК и дека предвремената смрт била негова судбина.
Елвис Присли беше најден мртов во своето купатило на 16 август 1977 година на 42 годишна возраст. Сите мислеле дека се предозирал, но вистината е дека срцето му откажало.

One comment
jovanka
27 март, 2014 at 14:29
уште што нема да слушнеме за Елвис Присли, божем дека избегал на пуст остров и дека не умрел, но вистината е болна за неговата генетика.