Шокантно откритие: Науката докажала дека Библијата е лажна!

popara19 февруари, 201417min00
2

Истражувањето на израелските археолози ја доведува во прашање автентичноста на Библијата. Тие решиле со помош на камилите кои се спомнуваат во Светотo писмо да утврдат дали навистина истите му правеле друштво на Аврам додека патувал кон Нахор.

Се вели дека овие камили кои се спомнуваат во текстот на Библијата посветен за ова патување на Аврам се измислени. Археолозите со помош на радиометриско датирање базирано на распаѓање на јагленот одредиле од кога потекнуваат најстарите познати коски на камили и утврдиле дека за прв пат камилите се донесени во Израел во 9 век пне. Што значи 10 векови подацна од времето кога се спомнати во Библијата. За животот на Аврам не постојат археолошки докази, но многу научни заедници тврдат дека е роден во 20 век пне, кога во земјата немало камили.

Камилите биле средство за преносување терет, а во тие предели веројатно први ги донесле Египјаните. Научниците сметаат дека историјата напишана во Библијата претставува митологија, а идејата за ветената земја се заснова на наративи кои всушност никогаш не се случиле.