
Печените јаболка, освен што се традиционален дел од трпезата, може да се користат и како природен лек, вели виенскиот стручњак за исхрана, професорот Хадемар Банкхофер.
Стар народен лек
Ако ви се јават болки во грлото, проблемот успешно можете да го решите со три печени јаболка. Важно е, трите јаболка задолжително да ги изедете едно по друго и да не бидат врели, туку умерено топли. Во спротивно може да ја надразни слузокожата во устата и грлото.
Банкхоферов совет
Додека ги чистите јаболката од семките, немојте премногу да ги издлабите за да не ви испадне филот. За филување на јаболката, професорот советува покрај мелени ореви и лешници за ставите мед и суво грозје кое е одлично против стресот. Може и јаболкото да се премачка со ливадски мед.
Сознанија од областа на фитотерапијата
Во текот на печењето, кај јаболката доаѓа до создавање посебни соединенија, ензими и биоактивни материи, кои според зборовите на Банкхофес, во слузокожата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на организмот да се лекува сам