Што не треба да јадете во текот на менструацијата?

7 септември, 20140
2

Храната има огромно влијание врз грчевите и промените во расположението.

Иако не постои магичен лек за ПМС, погледнете која храна би било најдобро да ја избегнувате во текот на менструалниот циклус.

Слатки

Колачињата, тортите, слатките и сличните видови на храна не се препорачуваат за време на циклусот, бидејќи прават да се чувствувате исцрпено. Наместо тоа земете праска, парче лубеница или манго.

Пецива

Знаеме дека пецивото е исклучително вкусно, но за жал содржи голема количина трансмати кои го зголемуваат нивото на естрогенот. Тоа може да предизвика болки, така што ве советуваме да јадете леб, бидејќи истиот содржи повеќе влакна. Интегралниот леб претставува најдобра опција.

Чипс и грицкалки

Најлесно е да посегнете за кесичка чипс, но овој вид на храна може да направи да се чувствувате уште полошо. Пржената храна најчесто содржи доста натриум, па наместо тоа подобро е да вкусите јаткасти плодови (орев, бадем, лешник).

Кафе

Кофеинот од кафето ги зајакнува болките и може да предизвика нередовен циклус, промени во расположението и несоница. Кафето можете да го замените со чај, бидејќи има помалку кофеин од кафето. Исто така се препорачува да се избегнуваат енергетските пијалоци.

kafesoveti

Плескавици

Месото содржи големи количини за маснотии, што предизвикуваат болки. Ако имате грчеви, ситуацијата може да се влоши. Ако не можете да издржите без меси, изберете помалку масно месо или риба.

Сладолед, павлака и сирење

Овошниот сладолед без дополнителен шеќер може да биде идеална замена.

Алкохол

Алкохолот го влошува циклусот, а може да предизвика и големи промени во расположението. Тој ја разредува крвта, зајакнувајќи го крварењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *