Сите тајни на шоуто „Твоето лице звучи познато“: Убавите односи се само маска

10 ноември, 20140
5

„Твоето лице звучи познато“ е регионално шоу, кое ужива популарност во моментов, а единствената македонска претставничка која учествува во шоуто е Елена Ристевска.Екипата на српски „Блиц“ реши малку подлабоко да ја истражи приказната за одличните односи помеѓу натпреварувачите, смеењето и играта, кои очигледно се само претстава за публиката.

Екипата присуствувала на една од пробите и се уверила дека кога камерите ќе се исклучат ситуацијата е потполно различна.

„Најгласна е Неда. Освен што е најголема ѕвезда помеѓу натпреварувачите, сака постојано тоа сите да и го нагласуваат. Тешко се носи со годините, па често ги критикува помладите колешки. На една и замерува за пеењето, на друга за костимот, на трета за имитацијата… Најостра е кон Катарина, на која во повеќе наврати и искоментира: Малечка, што ќе ти е ова? Имаш само 16 години. Дали си се запрашала како ќе те гледаат луѓето? Не е ова за тебе…“ раскажува едно лице од тимот на ова шоу.

532737_tlzp-katarina-bogicevic03rasfoto-promo-tv-prva1_f

532740_tlzp-neda-ukraden01rasfoto-tv-prva_f

Тој додава и дека Неда не е единствената која негативно ја коментира младата Катерина.

„Повеќето учесници ја доживуваат Кача како најголема конкуренција. Гледачите и се наклонети, а и жирито. Секогаш добива најдобри коментари. Иако шоуто е од хуманитарен карактер, сите сакаат да бидат први и свесни се дека Кача е најблиску до победата. Сите и се плашат,“ раскажува изворот.

Освен Катарина, изгледа на „црната листа“ е и Елена.

532738_tlzp-elena-risteska02rasfoto-promo-tv-prva_f

„Снимивме 6 епизоди, а гледачите видоа 4 од нив. Сите ја пофалија Елена дека одлично ја изглуми Џеј Ло, а Неда по обичај имаше посебен коментар: Подобро јас да ја глумев Џеј Ло, а не постојано да бидам маж.“

Покрај тоа,  Елена очигледно е дека ужива статус на вистинска ѕвезда, затоа што продуцентите и го финансираат превозот за пробите и настапите. Како останатите натпреварувачи реагираат на тоа, сè уште не се знае.

532739_tlzp-keba01rasfoto-promo-tv-prva_f

Единствено Бане Мојиќевиќ важи за скромен натпреварувач кој никогаш не доцни на пробите и нема никаков проблем со улогите кои му се доделуваат.

„Тој најдобро се забавува и не е оптоварен со победата,“ заклучува изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş