Славниот пејач јавно ја навредува, па и се извинува, а таа ужива на плажа

9 декември, 20140
17
Во изминатите неколку денови Крис Браун ги полнеше светските медиуми, откако најпрво јавно ја навреди својата, сега веќе поранешна девојка, а потоа јавно и и се извини!

Имено, славниот пејач Крис Браун неодамна ја прекинал својата врска со манекенката Каруче Тран, а потоа, во текот на еден од своите концерти, тој ја нарекол к****.

 

https://www.youtube.com/watch?v=AcU1smiqAp4

Светските таблоиди пренеле дека манекенката го оставила пејачот затоа што тој “лајкнувал” фотографии на кои што позира со својата поранешна девојка Ријана, а потоа пак тој ја обвинил дека го изневерувала со Дрејк, пејачот со кој Крис Браун влезе во физичка пресметка, токму поради Ријана.


Така, преку социјалните мрежи Браун јавно ја обвинил дека таа се среќавала со Дрејк додека тој ја отслужувал својата казна, но подоцна сепак зажалил што ја повредил и јавно и се извинил.

“Млад сум и по малку глупав! Кога сакам, тогаш сакам силно и реагирам импулсивно кога сум повреден. Не мислам дека социјалните мрежи се вистинското место за решавање на своите проблеми, но морам ова да го направам”, напишал Браун на својот Инстаграм профил.


“Сите знаат дека ја сакам Каруче и не ме интересира што некој ќе мисли за мене затоа што и понатаму ќе бидам најдобар во она што го правам. Само сакам мојата љубов да знае дека ми е многу жал што ја повредив”, додал Браун во своето јавно извинување објавено заедно со интересна фотографија.

Сепак, изгледа дека атрактивната Каруче не била премногу вознемирена поради сите настани во изминатиот период, па папараци фотографите неодамна ја фотографирале додека таа уживала на плажа, во друштво на своите пријатели.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi