Со помош на овиe намирници можете да ги исчистите белите дробови од цигарите

13 октомври, 20140
7

Одредени намирници секако можат да ви помогнат да ги прочистите дишните органи. Запамтете дека белите дробови не можете целосно да ги исчистите со овие намирници, но барем во одредена мера можете да се ослободите од токисините и со самото тоа да ја намалите шансата од добивање рак. Со тоа на ум, ви донесуваме листа од неколку намирници кои ќе ви помогнат во чистењето на белите дробови.

Пченка шеќерка

Оваа намирница содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карциномот бидејќи претставува силен антиоксиданс. Од друга страна, имајте на ум дека повеќето пченки шеќерки на полиците во продавниците се всушност ГМО, па консумирајте ги само оние за кои сте сигурни дека потеклото им  е 100% природно.

Селен

Станува збор за навистина моќен антиоксиданс кој може да се најде во разни видови риба како туна, лосос и баклара, но и во јагнешкото, јајцата и житарките. Секако, ви препорачуваме да се држите до јајца и житарки и да ги избегнувате намирниците од животинско потекло.

Кромид

И белиот и црвениот лук содржат состојќи кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидоѕ помага во спречување на многу болести, меѓу кои се инфекции и рак на белите дробови. Интересно е тоа дека кај лицата кои веќе имаат карцином го спречува растот на нови келии рак.

Ѓумбир

Ова е една силна состојка за исфрлување на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од коренот од ѓумбир со што ќе си го олесните дишањето, а парче ѓумбир можете да изедете со оброкот.

Портокали

Освен што се познат извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин кој превентивно дејствува против ракот на белите дробови.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како состојка за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекции.

Чај од борови иглички

Овој чај традиционално се кроисти за чистење на устата и грлото, но може да ви биде и добар сојузник во борбата против рак на белите дробови, како и за превенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi