Најчесто, бањата е пристојно уредена просторија, една од најмалите во домот
и истата е уредена да го дава максимумот од својот капацитет…
Но, бањата често и не е само “обична” просторија во домот,
а доказ за тоа се и овие чудесни дизајни во продолжение.
Спалната соба, дневната соба и кујната најчесто се просториите на кои што им се посветува најмногу внимание
при уредувањето на домот, додека пак кога станува збор за бањите,
пред се дава акцент на функционалноста и максималното искористување на просторот…
Меѓутоа, во овој случај нештата се сосема поинакви, па така, при уредувањето на бањите прикажани во продолжение,
акцентот бил ставен пред се на врвниот дизајн и создавањето на вистинска оаза во рамките на домот.
Имено, станува збор за бањи кои што претставуваат место за релаксација, мир и тишина.
Едноставно, овие бањи ќе ве инспирираат да размислите за преуредувањето на домашната бања
и истата да ја претворите во магично место, како што се овие бањи во продолжение.