Мислеле дека куќата е проколната, но вистината е многу пострашна!
2 октомври, 20140
Ова семејство од Онтарио во Канада може само да биде среќно што влезот во нивната куќа не убил никого!
Неколку недели семејството на Рејчел Лек било запрепастено. Насекаде низ куќата се слушале необјасниви звуци, светилките паѓале, а стаклата пукале. Семејството било убедено дека куќата им е проколната. Вистината, сепак била далеку пореална. И полоша! Низ куќата ползела џиновска змија. За среќа, питонот никого не убил на спиење, а со недели слободно се движел низ куќата. На крајот откриле за што станува збор кога Рејчел седнала во дневната соба да гледа телевизија, се свртела и ја забележала огромната змија покрај неа склопчена на подот.
Рејчел вриштејќи избегала од дома, а полицијата ја отстранила змијата од куќата.