Таа засекогаш ќе остане симбол на убавина, а доказ за тоа се и овие досега невидени фотографии

29 декември, 20140
6
Иако денес многумина ја критикуваат поради нејзиниот изглед, пред се поради тоа што е екстремно слаба, таа засекогаш ќе остане симбол на убавина, а доказ за тоа се и овие досега невидени фотографии.

Имено, во 1995 година, кога младата девојка ја добила својата прва главна улога, итајќи кон славата и богатството, Анџелина Џоли направила и фотосесија која што била само најава дека таа ќе стане една од најголемите и најпосакувани холивудски ѕвезди.

 


Така, во 1995 година, тогаш деветнасетгодишната Анџелина Џоли го привлекла вниманието разголувајќи се за потребите на по малку необична фотосесија и на тој начин си ја обезбедила својата прва филмска улога, во филмот “Hackers”.

Позирајќи во Лос Анџелес пред објективот на фотографот Марсел Индик, Анџелина го покажала својот беспрекорен изглед по кој оттогаш, па се до денес воздивнуваат мажите ширум светот.
 

 


Така, на фотографиите може да се види како таа позира во неколку провокативни и заводливи фотографии, а на дел од нив актерката е и топлес, но притоа позира стратешки покривајќи ги своите гради.
 

 


Денес, дваесет години подоцна, славната актерка е далеку од “лошата девојка” претставена во рамките на оваа фотосесија. Мајката на шест деца и добитник на Оскар, пред неколку месеци се омажи за Бред Пит, а во изминатиот период е посветена на режирањето и хуманитарната работа.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi