Tајната на витките жени

27 септември, 20140
20

Тие никогаш не се на диета, грицкаат помеѓу оброци, јадат слатки, не вежбаат со часови во фитнес клуб, а секогаш изгледаат толку добро. Не им завидувајте, ова се нивните тајни.

Јадат мали оброци

Ако сакате да ослабете, јадете од пет до седум мали оброци дневно. До ова златно правило се придржуваат многу витки девојки. Оброците треба да бидат разновидни, да се состојат од интегрални житарки, протеини и влакна.

Грицкаат здраво

Нивните најдобри пријатели се здравите грицки кои ќе ги заситат, ќе го забрзаат метаболизмот и ќе им ја намали желбата за слатки. Потрудете се секогаш покрај себе да имате суво или костеникаво овошје, ленени плочки, интегрален кекс.

Мали промени прават големи разлики

Наместо да се качувате со лифт, одете по скалите. Од градскиот автобус излезете неколку станици порано, исфрлете ги засладувачите од кафето или чајот. Можеби тоа ќе ви биде безначајно, но телото ќе ви заблагодари на тоа, а и вие ќе забележите.

Никогаш не се прејадуваат

Ако споменатите пет до осум мали оброци ги јадете на секои два часа, нема да се прејадете. Премногу јадење е шок за организмот, кое освен што доведува до дебелеење, претставува и опасност за многу други болести.

Не се откажуваат од задоволство

Ако им се јаде одреден колач, тие ќе го изедат. И тука застануваат. Умереноста е клуч на успехот за слабеење. Целта ви е да создавате добри навики на исхрана,, а не да ги вратите килограмите по диетата.

Самодоверба

Да бидете витални и во форма, значи да се биде со добро физичко и психичко здравје. Витките жени тоа го знаат и затоа не паѓаат во депресија кога ќе додадат некој килограм. Тие секогаш си го сакаат своето тело и не се срамат тоа да го покажат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş