
Големите, светски познати компании не станале преку ноќ успешни, нивниот пат кон успехот бил долг, а малите тајни на дизајнерите на лого знаците какви што денес ги познаваме, помогнале да бидат препознатливи и позиционирани на пазарот. После заработените милиони се било полесно, а успесите се нижеле еден после друг.
Намалување на буџетот во штета на маркетингот може само да доведе до пад, па затоа во овој сектор се вложуваат огромни пари. Логотипот на секој бренд е личен потпис, начин на комуникација и можеби најважниот маркетиншки адут, бидејќи е единствен и препознатлив. Токму поради тоа е многу важно каква приказна секој логотип раскажува на потенцијалните потрошувачи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CHkkdDRqJOI