Тајната за бесмртноста се крие во медузите

7 септември, 20140
4

Виолетовите медузи се еден од трите видови во Јапонија за кои се смета дека се бесмртни.

Имено, тие никогаш не умираат, туку напротив се подмладуваат.

Во приморскиот град Ширахама, во Јапонија, еден човек тврди дека тајната за вечен живот се крие меѓу медузите.

Шин Кубота, професор на Кјото Универзитетот  е особено заинтересиран за проучување на виолетовите медузи.

– Тие едноставно никогаш не умираат, туку се подмладуваат, и ова еден од трите видови на медузи во Јапонија за кои се смета дека се безмртни, вели Кубота.

Виолетовите медузи имаат способност за регенерација и овој научник верува дека во нив може да се открие тајната на бесмртноста или барем клучот за подолг живот. Според откритијата, повредената медуза се враќа на дното на океанот, каде се враќа во фаза во која повторно расте, а потоа повторно станува нова возрасна медуза.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=7IBwXcrZRxY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *