Зимата која доаѓа според британските метеролози ќе биде една од најстудените зими во последните сто години, а ќе зафати голем дел од Стариот континент.
Големите количини снет ќе ја затрупаат Европа, велат тие, а студовите ќе бидат проследени со многу ниски температури. Според проценките на британските метеролози, артикчката зима ќе го окова континентот и ќе трае скоро пет месеци.
Британските метеролози тврдат дека првиот бран мразови можеме да го очекуваме во ноември, додека за јануари се предвидува рекордно ниска температура од минус 27 целзиусови степени, и тоа на голем дел од континентот, вклучувајќи го тука и дел од Балканскиот полуостров.
Наглото заладување со себе ќе донесе снег, кој на планините ќе услови создавање на високи снежни покривки. Пониските предели ќе го дочекаат првиот снег во втората половина на ноември, и се очекува оваа зима да биде далеку постудена од просекот во последните сто години.