Секогаш прекрасната Жизел Бундшен е дел од новата кампања за бразилскиот бренд Colcci кои лансираа одлична нова линија на “слим” фармерки.
Одличниот едиторијал за брендот во кој Жизел ги носи фармерките од новата колекција, го направи талентираниот фотограф Зи Нунес кој досега има работено за некои од светските магазини и брендови.
Сите комбинации се направени од стилистот Даниел Уеда, а таа изгледа опасно секси во тесните фармерки и фантастичните тексасни горни делови комбинирани со вртоглави потпетици.
Погледнете дел од креациите на брендот Colcci