Торта Виножито

8 септември, 20140
17

Состојки:

370 гр. брашно
4 лажички прашок за пециво
1/2 лажичка сол
230 гр. путер или маргарин
500 гр. шеќер
5 белки од јајце
1 лажичка екстракт од ванила
3,5 дл. млеко
Боја за колачи – црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова

За фил:

375 гр. шеќер во прав
230 гр. путер или маргарин
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица павлака
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Добро измешајте ги сите состојки кои се потребни за цврста подлога – брашно, прашок за пециво и сол. Во друг сад ставете го путерот (растопен) и шеќерот и промешајте. Постепено додавајте ги белките, а потоа и ванилата и млекото. Мешајте се додека сите состојки убаво не се соединат.

Во течната смеса додајте ја смесата со брашно, убаво исмешајте, а потоа додадете ги и останатите суви состојки. Готовата смеса поделете ја на оноклу делови колку што планирате да имате различни кори и потоа почнете да ја додавата бојата во секоја кора.

Секоја кора се пече околу 15 минути. Со помош на чепкалка за заби можете да проверите дали кората е испечена. За подготовка на филот потребно е да ги измешате шеќерот во прав, путерот, павлаката и екстрактот од ванила и да ги мешате се додека не добиете мека смеса. Доколку ви се чини дека филот е редок, тогаш може да додадете уште малку шеќер во прав.

Редете ги оладените кори една над друга, а помеѓу нив ставајте од белиот фил. Остатокот од белиот фил ставете го врз целата торта и декорирајте ја по ваша желба, а ние ви предлагаме да декорирате со бонитоп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi