Трик за проверка на квалитетот на медот

9 декември, 20140
14

Овој метод за проверка на квалитетот на медот ќе ве зачуди со својата едноставност и пристапност.

Толку е лесно да проверите сами дали производот навистина е природен што едвај некогаш ќе ви се случи повторно да консумирате фалсификат.

А сите знаеме колку е важно медот да е вистински. Само тогаш може да се потпрете на неговите исклучително корисни квалитети за организмот.

За тестот ќе ви треба голема капка од медот кој сакате да го проверите, како и парче тоалетна хартија. Само ставете дел од медот (не е потребно да е повеќе од 1 кафена лажичка) на хартијата. Почекајте така од 10 до 30 минути и набљудувајте го ефектот.

Ако околу капката мед започне да се формира влажна лента, значи тој  не е апсолутно природен. Во него има шеќер, гликоза или други адитиви кои се испуштаат вода. Влажната трага станува видлива со голо око.

Од друга страна, ако медот остане недопрен и околу него не се гледа влажна лента, колку и време да стои на хартија, значи на трпезата имате чист природен мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi