
Каде и да оди, после сè најубавиот одмор и најтоплиот пречек може да го добие само од своите Македонци.
Токму затоа, Даниел ги повикува сите кои цело време го поддржуваа, гласаа и се радуваа со него, да дојдат утре во 14:30 часот на аеродромот „Александар Велики” во Скопје за да го пречекаат и да му посакаат топло добредојде.
Тој ќе се потруди на сите да им посвети внимание и да помине некое време со нив.
Неговото обезбедување повикува на смиреност, за да не настане хаос како на минатиот пречек и за да успеат сите да дојдат до него.
Подгответе се и покажете му на Даниел колку го сакате!