Првиот споменик посветен на илјадници луѓе кои нацистите ги протерале и убиле бидејќи биле хомосексуалци откриен е денес во Израел.
Споменикот се наоѓа во центарот на Тел Авив и е составен од три големи розови триаголници, слични на ознаките кои затворениците морале да ги носат за да се знае дека се хомосексуалци.
На плочите стои натпис на хебрејски, германски и англиски:
“Во спомен на сите кои нацистичкиот режим ги протера поради сексуалната ориентација и половиот идентитет“.
Нацистичкиот режим убил околу 15 000 души поради нивната сексуална ориентација.
Германскиот амбасадор Андреас Михелис изјавил дека неговата земја ја “прифаќа моралната и историската одговорност за ужасните злосторства извршини во времето на нацистите“.