Со вкупна големина од 48 милиони километри квадратни, проектот ќе содржи најголем тематски парк во светот кој ќе биде прекриен со стакло, а отворен во текот на зимата.
Паркот ќе личи на лондонскиот Вест Енд или њујоршкиот Бродвеј и би требало да собира повеќе од 180 милиони посетители годишно. Вредноста на овој грандиозен проект изнесува околу 6,8 милијарди долари.
Mall of the World претставува прв проект во светски рамки, во кој температурата ќе биде во целост контролирана.
Овој проект предвидува и најголем светски трговски центар. Центарот ќе има големина од 8 милиони квадратни метри, а замислен е како продолжена улица со продавници, како ниеден друг постоечки трговски центар во светот.
https://www.youtube.com/watch?v=zah99ETVOz4