Вистинска Приказна: Што доколку вие гледавте наопаку?

popara21 март, 20141min00
greenEye

“Едноставно речено, гледам поинаку од останатите – наопаку. Малку ми е тешко да се снаоѓам во просторот не знам каде е лево а каде десно. Во Бостон каде бев двапати на испитувања ме прогласија за неуролошки феномен. Можеби сум и таква личност.” – изјавува Бојана.

Испитувањата покажуваат дека нејзиниот мозок е потполно здрав и дека е личност со надпросечна интелигенција. Меѓутоа во нејзиниот мозок има друг вид на видно поле за разлика од кај другите и затоа гледа се напокау.

“Ти не знаеш како ние гледаме, а ние не знаеме како ти гледаш, ми рекоа докторите и затоа не можат да ми објаснат што всушност е мојот проблем.” вели Бојана. “Уште од првиот ден кај мене тргнало сé наопаку, при раѓањето наместо со главата јас сум се родила прво со нозете, но пак се беше добро се додека не тргнав на училиште и не почнав да се делам од другите деца” додава Бојана.

“Кога работам на компјутер тaстатурата и мониторот ми се свртени наопаку. Здружени научници ми ветија дека ќе направат специјален комјутер за мене со цел да ми ја олеснат работата. Телевизија гледам наопаку и тоа за мене не е чудна работа, бидејќи така сум навикната и не знам како би изгледало да гледам поинаку.”

“Колегите од работа ме прифатија нормално, меѓутоа имам проблеми со клиентите. Кога земам документ кој треба да го прочитам, го вртам наопаку и слушам коментари: Алооо дете што правиш? Исто и свештеникот на мојата венчавка се збуни кога ме виде како го вртам листот за да се потпишам, па за малку не ми го скина венчалниот лист објаснувајќи ми дека го држам обратно” – раскажува Бојана, која мисли дека нема шанси да добие возачка дозвола, бидејќи инструкторите сметаат дека наместо напред Бојана ќе вози наназад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *