
Не се откажуваат од филмот за Стив Џобс, иако веќе еден беше направен и не помина баш со најдобра критика од публиката.
Според веста што оригинално ја пренесе The Wrap, Финчер уште кога седнал да преговара за проектот со луѓето од Sony, изјавил дека ќе прифати да го режира филмот, само ако Бејл ја толкува главната улога.
Сепак, засега сето ова се шпекулации, бидејќи официјално нема потврда дека Бејл ќе учествува во филмот. Наводно, тој сака да направи мала пауза во кариерата, бидејќи само што го заврши снимањето на филмот Exodus на режисерот Ридли Скот, а снимањето на филмот за Стив Џобс е закажано за крајот на оваа или почетокот на следната година.